Направете вкусен леб за Бадник

На Бадниковата вечер треба да има непарен број јадења на масата но питата или лебот е задолжителен, тоа носи среќа. Еве еден рецепт за  лепчето кое ќе го послужите за Бадник.

Потребни производи:
800 мл топла вода
2 коцки квасец
2 големи лажици шеќер
2 лажички сол
1700 гр брашно (приближно)
5-6 лажици масло

Подготовка:

Квасецот, заедно со шеќерот, се раствора во топла вода. Додадете 7-8 лажици брашно, мешајте  и покријте со чиста крпа. Оставете го на топло место околу 30 минути.

Откако смесата е стасана , брашното се додава постепено. Мешајте додека тестото не се стегне. Ставете го тестото  на маса и продолжете со месење. Повторно покријте  со крпа и оставете на топло еден  час.

Поделете го тестото во топчиња и растегнете со рацете  како змии. Ставете малку масло на рацете и вртете во полжавчиња, а потоа редете едно до друго во тепсијата , во која претходно сте ставиле хартија за печење.

Рерната вклучете ја на  200 степени, а  кога ќе го ставите лебот за печење, намалете на 180.

Можете да ставите малку вода на дното на рерната за лебот да биде помек.  Штом ќе фати коричка,  покријте го со хартија за печење. Печете најмногу 40 минути.  Ова е голема количина, така што слободно можете да ја намалите. Весели празници!

Translate »