Компир со кашкавал и шунка
СОСТОЈКИ:
- 1 кг компири
- малку масло
- сол по вкус
- 200 гр кашкавал
- 100 гр шунка или сувомеснато по избор
- 2 шолји павлака за готвење или бешамел сос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Компирите излупете ги и исечкајте ги на ленти но не до крај, компирите треба да останат составени на дното. Премачкајте ги со масло со помош на четка, посолете и печете во рерна на 200 степени окполу 1 час.
- Дел од кашкавалот и шунката исечкајте на парчиња па редете во засеците на печените компири (шунка-кашкавал-шунка и така додека не ги наполните сите компири). Потоа прелијте сè со бешамел сос и посипете со останатиот рендан кашкавал.
- Запечете уште 20 минути на 200 степени и вашиот шведски компир е готов!Компирот може да се приготви и со сланина.