Макарони со сланина и печурки, како во ресторан
За сите љубители на италијанската кујна, вкусни макарони со сланина и печурки.
СОСТОЈКИ:
- 400 гр макарони
- 200 гр сланина
- 300 гр шампињони
- 300 гр доматно пире
- 2 главици кромид
- вегета
- сол
- бибер
- масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Се варат макароните во солена вода, па се цедат.
- За сосот се пржи сланината исечена ситно во тава со масло, се додаваат и сечканите шампињони, ситно сечканиот кромид, па се убаво се динста на маслото.
- Се пржи додека да испари водата од печурките.
- Додадете доматно пире, сол, бибер и вегета, се измешајте убаво и оставете го 10 минути да се крчка, па тргнете го на страна.
- Се става врз тестенините и се послужува топло.
На здравје!