Која е најдобрата поза да зачнете? Ќе се изненадите!

loading...

Што се не правиме за да забремениме … После секс  не стануваме од креветот, ги креваме нозете  на перница за да не истече спермата , пиеме витамини и што уште не! Но, не оди и не оди!

Точно е дека ова многумина го прават кога очајно сакаат да затруднат, но , за жал, ова се само митови и во нив нема вистина. Наместо да се оптоварувате со тоа  што да правите пред и после  сексот, треба да се фокусирате на самиот чин!

Најдобра поза за затруднување

Повеќето веруваат дека  најдобра поза за зачнување е мисионерската…но, тоа не е точно! Најдобра поза е , верувале или не, е нејзиното величество….”кучешката поза” или одзади. Ова се вели во истражувањето објавено во  “Journal of Sex and Marital Therapy”. Во студијата се анализира како пенисот најдобро  да пенетрира  и да  ејакулира поблиску до отворот на  матката за успешно да се оплоди јаце клетката. Експертите тврдат дека најуспешна поза е таа кога парнерот е зад партнерката во позиција на клечење.

Сексолозите имаат уште еден совет, кој е исклучително важен! Кога имате секс , немојте да  размислувате за тоа дали ќе зачнете или нема. Опуштете се и уживајте кога водите љубов. Независно дали сте горе или долу, отстрана, напред или назад, најважно е да бидете релаксирани  и препуштени на љубовниот момент. Стресот има негативно влијание не само на квалитетот на сексуалниот живот туку и на способноста да забремените.

 

Translate »