На родилка во болница и донеле таблети во сендвичот
Жената била примена со породилни болки. Спречен бил обид за подметнување храна со скриени таблети на родилка на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, случајот бил пријавен од страна на медицинска сестра од Клиниката.
Како што информира МВР, случајот е пријавен синоќа околу 22,00 часот од страна на медицинска сестра од Клиника за гинекологија и акушерство, според која на Клиниката, каде била примена родилка со породилни болки, дошле три машки лица- нејзини познаници, кои и донеле храна, а во сендвичот вработените пронашле четири големи таблети сина боја.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот.