Се шири нов тренд – жена мастурбира во „Икеа“: Шведскиот гигант најави зголемување на безбедносните мерки
Од управата на шведскиот гигант соопштија дека ќе ги зголемат безбедносните мерки во своите продавници во Кина откако на интернет започна да се шири експлицитно видео на жена која мастурбира во продавница на „Икеа“.
На видеото кое за рекордно краток период стана вирално може да се види полугола жена како се самозадоволува на различни кревети во продавницата за мебел, додека во близина минуваат други купувачи, несвесни за тоа што се случува во нивна близина.
Нецензурираните снимки веднаш биле отстранети од кинеските социјални мрежи, но тамошните медиуми тврдат дека ова е веќе тренд во земјата и често се случува жени да мастурбираат и да се снимаат.
„Силно се противиме и го осудуваме ваквото однесување. Веднаш тоа го пријавивме во полиција во градот во кој се наоѓа нашата продавница“, соопштија од „Икеа“, притоа не откривајќи каде се случил инцидентот.
Од „Икеа“ најавија дека ќе преземат поголеми безбеносни мерки, а купувачите ги замолија да не го следат трендот и во нивните продавници да се однесуваат на цивилизиран начин. Идентитетот на жената од видеото, како и идентитетот на снимателот не се откриени.
Некои корисници на кинеските социјални мрежи тврдат дека станува збор за стара снимка со оглед на тоа што никој не носи заштитни маски, но исто така многумина сметаат дека ова е тренд кој трае повеќе месеци и мора да биде сопрен.
„Оваа жена е многу храбра. Едноставно го направи тоа сред бел ден“, е еден од коментарите на кинеската социјална мрежа Weibo кој добил речиси 10 илјади лајкови.