Дали сексот решава расправии?

Австралиски научници неодамна спровеле истражување и откриле дека жените не се единствените кои чувствуваат некаква депресија после сексот. Овој феномен се нарекува посткоитална дисфорија и докажано е дека постои кај мажите.

До сега, мажите беа исклучени од истражувањето на посткоитална дисфорија, а се сметаше дека жените имаат различни емоции за време на сексот од нив.

Сепак, една студија го покажа спротивното – мажите, исто така, се чувствуваат бесчувствителни и празни после сексот, и повеќе би сакале да го поминат тоа време сами отколку да се гушкаат со партнерот.

Точната причина за ова нарушување на расположението е нејасна. Од една страна, постојат хормони кои се создаваат за време на сексот, а се одговорни за промена на расположението по предиграта. Имено, за време на сексот доживуваме голем наплив на хормони за среќа. И, веднаш, после тоа, нивото на хормоните опаѓа – што може да направи да се чувствуваме тажни.

Од друга страна, некои минати трауми или лоши искуства од минатото, исто така, можат да бидат активатор на посткоитална дисфорија.

Ако после сексот се чувствувате тажно или осамено, навистина треба да разменувате нежности, односно дасе гушкате.

Оној што се гали чувствува посилна врска со својот партнер и нивото на хормони за среќа повторно се зголемува.

Translate »