Во кои земји најчесто заминуваат нашите стручни кадри!

Обучениот кадар од државата заминува на работа во странство. Посебно младите и стручни кадри во областа на угостителството своите професионални ангажмани ги продолжуваат надвор од земјата, најчесто во Хрватска, Малта и Германија.

Младите ги обучуваме во нашите угостителски компании а по краток период тие заминуваат квалификувани и обучени да работат во странство, истакнува Огњан Цемовски од КАК, компанија од угостителскиот сектор која управува со два хотела во Битола, три во Маврово и со скијачкиот центар во Маврово.

„Потребна е реформа во образовниот сектор за овој горчлив проблем со кој се соочуваат компаниите во областа на угостителствтото.Исто така и ние како компанија преку создавање на подобри услови за работа и со повисоки плати ќе се бориме да ги задржиме стручните кадри во компанијата, но и во државата“, истакнува Цемовски.

Компаниите со обуки на кадри ќе ги задржуваат работниците во својата фирма, но исто така и во државата. Преку Фондот за можности, три компании од три различни области се избрани во проект за обучување на кадри или доквалификација на работната сила кои се потребни на самите компании.

Во текот на наредните 10 години со фонд од 12.000.000 евра ќе се обучуваат нови кадри за потребите на фирмите.

Translate »