Златко Андоновски: тројца луѓе кои би сакал да ги запознаам…

Портпаролот на Фудбалската Федерација на Македонија, истовремено и исклучителен водител и новинар, Златко Андоновски го прашавме: кои тројца луѓе би сакал да ги запознае…А тој ни одговори:

 

Бранимир Штулиќ – Затоа што е точка која разделува – пред и после! Затоа што е прекрасен ум! Музички гениј, а и понатаму си свири за душа. Затоа што одговара само пред себе! Заради неговото „Јебе се мени што ви мене волите

Роуан Аткинсон – Затоа што е „смотан“. Ако го запознаете веќе сте во друштво на Лудиот Макс, Лара Крофт, Мона Лиза, Трамп, Бунтовникот без причина, Јоко Оно, Борат, Хулк, Пиратот од карибите, Хари Потер, Аватар…..Со цртаниот „Мистер Бин“,  Роуан Аткинсонникогаш нема да „остаре“.

Лука Дончиќ – Затоа што веројатно му е судено да стане легенда. Чудо од дете. Ќе стане кошаркарски Бог. Има сѐ. Самодоверба, интелегенција, дрскост, лудост, страст, храброст, одговорност, одлучност, скромност, желба за победа, желба за докажување.

Translate »