„Ќе те заколам ако се омажиш за Србин“ – животна драма на Данијел Субашиќ!
Во сега веќе далечната 2007 година, таткото на неговата сопруга ѝ се заканувал на ќерка си со смрт ако се омажи за – Србин! Субашиќ бил едно од многуте деца во Југославија со мешано потекло. Роден во Задар, од мајка Даниела Боја од Растевиќ и татко Јово Субашиќ од Загрeб.
Потеклото му донело многу проблеми на Субашиќ во Хрватска, кога решил да се ожени со својата девојка Антонија Бока. Нејзиниот татко Анте Бока, прво ја претепал ќерка си, а потоа ѝ се заканил со смрт.
Таа завршила во амбуланта, а полицијата веднаш го привела татко ѝ. Набрзо е приведен и изведен пред суд за семејно насилство, но нема податоци каква казна добил. Антонија веднаш се преселија кај Данијел и почнале да живеат заедно во Задар.
„Многу ми е жал поради тоа. Антонија е кај мене и тука ќе остане. Иако сум Србин, а таа Хрватка, многу се сакаме и тоа е најважно. Мене никој не ми се закануваше, а Антонија ја покажа својата љубов со тоа што дојде кај мене“, изјавил тогаш Субашиќ, кој не го негирал своето српско потекло.
Во 2008 година тој потпиша за Хајдук и со сопругата се пресели во Сплит, каде остана до 2012 година, пред да следи нов трансфер во Монако. Кога дојде во центарот на вниманието, Субашиќ го смени мислењето за неговото потекло.
„Точно е дека мојот татко се вика Јово, но тврдам дека нема ништо со Србија. Тој се изјаснува како Хрват со православна вера. Точно е дека мојата мајка е Хрватка и католик“, го објаснува своето потекло Субашиќ.
Голманот на Монако беше херојот на Хрватска на осминафиналето на Мундијалот против Данска и сега „коцкестите“ имаат полесен пат до полуфиналето на Светското првенство, бидејќи следен противник им е домаќинот Русија
izvor: Gol.mk