Захариева: Ќе биде од корист назначувањето на Јордан Камчев за почесен конзул
Јордан Камчев е препознатлива личност во Македонија и Бугарија и да стане наш почесен конзул ќе биде во наша корист. Тоа министерката за надворешни работи на соседна Бугарија Екатерина Захариева го изјавила како одговор на прашањето на пратеникот на БСП, Петар Витанов, за предлогот за почесен конзул на Република Бугарија во Република Македонија да биде Камчев, пишува бугарската агенција „Фокус“.
„По потпишувањето на Договорот за пријателство, соседство и соработка, се создаде радикално поинаква атмосфера. Има уште нешта да се решат, но некои од стравовите и предрасудите од минатото пропаднаа. Непосредно пред 8-9 месеци беше невозможно македонската јавност и интелектуалец да посакаат да бидат почесен конзул на Бугарија во Република Македонија, бидејќи против него ќе се искористеше целата репресивна машина. Во исто време, треба да ја искористиме светската дипломатска практика за откривање на Институтот за почесен конзулат“, коментирала Захариева.
Според нејзините зборови, ова ќе им помогне на билатералните односи во целост во местата каде што Бугарија нема конзуларни услуги.
„Во таа смисла најдобрите практики и идејата на г-дин Јордан Камчев како препознатлива личност и во Македонија, и во Бугарија, би можеле да бидат само во корист на Бугарија. Г-дин Камчев е еден од богатите македонски бизнисмени според магазинот Форбс. Не се вистина тврдењата дека тој веќе е назначен за почесен конзул, но започна таква постапка за одобрување“, рекла уште министерката за надворешни работи и посочила дека има кругови во Македонија кои не се особено среќни од назначувањето на таков почесен конзул.
„Свесни сме за спротивставените мислења за г-дин Камчев и јас ве уверувам дека ако има каква и да е акција од негова страна што ќе го прекрши договорот за добрососедство или Виенската конвенција, ќе бидам прва што ќе преземе акција. Сметам дека треба да имаме почесен конзул, кој навистина ќе биде со силни позиции и ќе може да и помогне на Република Бугарија“, појаснила Захариева. Таа посочила дека Камчев е претседател на фондација која заштитува различни културни настани.