Крваво утро во Виена! Ова е црниот биланс од нападот! Еден од терористите со потекло од Македонија испратил морничава порака: Се колнам во Алах дека ова е само почеток!
Во Виена, по синоќешниот терористички напад, утрово животот претпазливо се враќа во нормала, но меѓу граѓаните владее страв.
Што знаеме досега:
– Полицијата потврди дека станува збор за терористички напад
– Повеќе од 15 лица се повредени во терористичкиот напад, а четири цивили се убиени
– Потврдено е дека најмалку еден напаѓач е убиен
– Министерот за полиција, Карл Нехамер, открил дека еден од терористите и понатаму е во бегство
– Нападот се случил на шест локации во близина на Синагогата
– Децата денеска нема да одат во училиште, а откажана е и вонредната седница на Собранието
– На официјалниот Твитер профил на виенската полиција уште во првите минути се појавиле закани
– Еден од терористите е со потекло од Македонијаhttps://www.youtube.com/embed/8ZJl6CV9Gtw
Албанец од Македонија убил Австријци! Откриен идентитетот на напаѓачот
Додека австриските власти молчат за идентитетот на убиенот напаѓач кој синоќа го извршил терористичкиот напад во Виена, главниот и одговорен уредник на виенскиот магазин „Фалтер“, Флориан Кленк тврди дека се работи за млад Виенец со албанско потекло од Македонија.
„Тој се вика Куртин С., роден во 2000-та година во Виена, каде и пораснал. Тој е со албанско потекло, а неговите родители се од Македонија и немаат никаква врска со исламизмот“, напишал овој познат австриски истражувачки новинар на Твитер.
Путин: Ова е сурово и цинично злосторство
Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги осудил денеска нападите во Виена и истакнал дека е подготвен да ја засили соработката со Австрија и другите земји во борба против тероризмот.
Во телеграмата испратена до австрискиот канцелар Себастијан Курц, Путин нападот го нарекол ‘сурово и цинично злосторство’, пренесува „Тас С“.
Морничави закани на терористот и причина за нападот
По терористичкиот напад во центарот на Виена, на американски сајт „SITE“, се појавила објава на еден џихадист кој тврди дека нападите се извршени поради учество на Австрија во коалицијата предводена од САД.
Нападите се извршени на 6 локации, а засега се потврдени тројца мртви, вклучувајќи и еден терорист, иако некои медиуми пренесуваат дека има најмалку 7 жртви.
На официјалниот Твитер профил на виенската полиција во првите минути се појавиле закани.https://www.youtube.com/embed/OyBpIe537DA
„Се колнам во Алах, ова е само почеток“, напишал извесен Абдилмунтаким ал Ираки.
„Со волја на Алах, оваа битка нема да заврши во Ирак или Сирија. Ќе победиме. Подгответе се бидејќи борбата штотуку започна“, навел тој, а брзо потоа профилот ‘hyurtay’ бил суспендиран.
Погледнете како испаничениот народ бега за да ‘спаси жива глава’https://platform.twitter.com/embed/index.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-0&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1323379785813258240&lang=en&origin=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fadmin%2Fnews%2F358438%2Fedit&theme=light&widgetsVersion=ed20a2b%3A1601588405575&width=550pxhttps://platform.twitter.com/embed/index.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-1&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1323521340121309184&lang=en&origin=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fadmin%2Fnews%2F358438%2Fedit&theme=light&widgetsVersion=ed20a2b%3A1601588405575&width=550px
Борците на ММА спасија полицаец
Двајца момци со турско потекло, Реџеп Таип и Микаил Озен, двајцата MMA борци, го спасиле повредениот полицаец за време на терористичкиот напад. Велат дека еден од нив е ранет.https://platform.twitter.com/embed/index.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-2&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1323452213621100544&lang=en&origin=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fadmin%2Fnews%2F358438%2Fedit&theme=light&widgetsVersion=ed20a2b%3A1601588405575&width=550px
Меркел: Германија заедно со Австрија во борба против исламскиот тероризам
Германската канцеларка Ангела Меркел е шокирана од терористичките напади во Виена и истакнува дека Германија е цврсто покрај Австрија во борба против исламскиот тероризам.
„Во овие ужасни часови, кога Виена стана мета на терористичко насилство, моите мисли се со граѓаните и безбедносните сили кои се соочуваат со опасностите“, порачала Меркел во соопштението кое на Твитер го објавил нејзиниот портпарол.
Таа истакнала дека Германците искажуваат солидарност со своите австриски пријатели, пренесува „Ројтерс“.
„Борбата против исламскиот тероризам е наша заедничка борба“, порачала германската канцеларка.
Полицаецот кој е повреден за време на терористичкиот напад во центарот на Виена е надвор од животна опасност
Овој 28-годишен полицаец, кој е стациониран во полициската станица во центарот на градот, имал контакт со терористот кога се симнувал од улицата каде што се наоѓа синагогата во правец на Шведенплац.
Полицијата моментално го истражува опкружвањето на убиениот терорист, кој, според министерот за внатрешни работи, Карл Нехамер, е симпатизер на Исламската држава.
Според изјавите на многу граѓани во 11-та област на Виена (Симеринг) за време на ноќта се слушнала детонација, а тоа би можело да биде насилен влез во станот на напаѓачите.
Имено, полициата соопштила дека вратата на станот била искршена со експлозив, но не било прецизирано во кој дел од Виена се наоѓа.
Претседателката на ЕУ упатила сочуватво
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен рекла дека е ‘шокирана и тажна поради бруталниот напад’, кој се случил во Виена.
„Европа сочувствува со Австрија. Заедно сме посилни од омразата и теророт“, напишала фон дер Лајен на својот Твитер профил. Таа упатила сочувство до семејствата на жртвите и австрискиот народ.
На утринската прес-конференција е потврдено дека нападите ги извеле симпатизери на Исламсакта држава.
Црн биланс: 15 повредени, 4 мртви
Бројот на лица кои загинале во синоќешниот терористички напад во Виена, утрово се зголеми на 4. Како што е потврдено од Министерството за внатрешни работи, една жена на возраст помеѓу 40 и 50 години починала утрово на клиника во Виена.
Терористичкиот напад бил кобен за две жени и двајца мажи.
Полицијата убила и еден напаѓач, за кој се тврди дека е симпатизер на Исламската држава.