Градинарски центар ФОЈА- пример за креативна компанија која секогаш пријатно ги изненадува своите клиенти
Да се поттикне чувството на задоволство и среќа кај клиентите е предуслов за долгорочна соработка и пријателство. Тоа е и императив во работењето на ФОЈА, за своите клиенти да обезбеди дополнителна вредност, да потикне чувство на задоволство и среќа!
Од самиот почеток на своето работење и постоење ФОЈА не функционира само како градинарски центар каде може да се купат квалитетни декоративни растенија, туку многу повеќе како центар за едукација, и место каде се добиваат добри совети за хортикултурно уредување на секој двор, градина или тераса.
ФОЈА овој викенд ќе биде и место за есенско викенд дружење и пријатна атмосфера. ☕🍁 За таа цел пејсажистите од ФОЈА создадоа креативен есенски амбиент, кој од прва ќе ве освои, каде ќе можете да направите убава фотосесија, и да добиете одговори на сите прашања поврзани со градините.
Значи овој викенд од 08 до 17 ч. Во ФОЈА! Испијте го вашето кафе и право во ФОЈА