Лекари отишле да земат пациент,а потоа биле омаловажувани
Синоќа во 23,45 часот во СВР Скопје било пријавено дека екипа на Итна медицинска помош била на интервенција на улица „Стокхолмска“ бидејќи имале повик дека на Т.А. ѝ се влошила здравствената состојба. Медицинските лица биле пречекани од В.А. (54) и Д.А. (49) од Скопје и уште три други лица.
Кога едно од медицинските лица им укажало да стават маски за да можат да интервенираат, соопштија денеска од МВР, лицата почнале да ги навредуваат и омаловажуваат, и да удираат по комбето. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.