Погледнете фотографии од невремето во Скопје
Главниот град и околината беа зафатени од невреме проследено со дожд, силен ветер, град и грмотевици. На места врнеше и град. Во градскиот парк паднаа драва на неколку автомобили, а дел од улиците се поплавени. Погледенете ги фотографиите што ги направи репортерот на Радар:
Фото Радар: Градски парк
Фото Радар: Градски парк
Фото Радар:општина Центар
Фото Радар: улица Илинденска
Фото Радар: улица Илинденска
Фото Радар: Пред бараките на општина Центар
Фото Радар: улица Илинденска
Фото Радар: улица “Рузвелтова”
Фото Радар: о. Кисела вода ,улица Народни херои
Фото Радар: о. Кисела вода ,улица Народни херои
Ветерот достигнува повремено брзина и над 80 киломери на час соопштија од УМХР, а нестабилното време се движи од запад кон исток и на север кое пак попладне ќе оди кон исток.
Попладне процесите ќе бидат поинтензивни и локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
До среда условите за нестабилност ќе има претежно во западните делови, но тие ќе бидат намалени. Од среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Утре ќе биде малку посвежо, а потоа до среда дневните температури ќе бидат во пораст. Од четврток повторно ќе биде посвежо.