Никола Груевски: Партијата е нападната од надвор и од внатре од наши членови

ВМРО-ДПМНЕ со овој Конгрес го започнува походот кон победа и враќањето на власт во РМ, тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ го имаше цели 11 години со бројни успеси и успешни резултати. За жал неправично ни беше одземена победата на парламентарните избори и беше погазена волјата на народот, рече досегашниот претседател на партијата, Никола Груевски.

„Жалам што Конгресот се случува кога партијата е нападната од надвор но и од внатре од наши членови. Јас сум водач на партијата 14 години и имавме 10 изборни победи. Во овие години на успеси се вложив целиот и сето време за партијата и државата, откажувајќи се од многу попријатни можности, изложувајќи се на стресови и непријатности. Останав цврст и стабилен и при најтешките удари, и тешко ми паѓа кога преку ноќ ќе видат вакво однесување на мои блиски соработници кои се наоѓаат под притисок“.

И во 2003 година кога станав претседател најголем дел од најблиските соработници одма се раскараа, па бев принуден да формиран нов тим со неискусни но храбри и одлучни луѓе. Се сеќавам кога во мај на конгресот во Охрид бев избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и тогаш бевме опозиција, и тогаш се изгледаше безнадежно, СДСМ беше на власт, исто како и денес не работеше ништо конкретно во тие седум месеци, рече Груевски.

Translate »