Зоран Заев утре ќе се сретне со Емануел Макрон. Дали следи и датум за преговори со ЕУ во јуни
Македонскиот премиер Зоран Заев утре ќе се сретне со претседателот на Франција, Емануел Макрон, во рамките на отворените средби на Беринската конференција за Западен Бакан, чии покровители се Франција и Германија.
Ова ќе биде најголемата прилика до сега за Македонија да го убеди Макрон дека земјата заслужува да добие Датум за преговори во јуни, односно во текот на оваа година.
Франција, Холандија и Данска важат за змеји каде што владее национален консензус дека Европската унија не треба да се проширува по секоја цена, па токму од тие причини ова е мошне важна прилика за Заев. Претходно, министерот за надворешни работи Никола Димитров беше во дипломатска „мисија“ во Холандија каде што оствари неколку средби.
Покрај со Макрон, Заев ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Отворени средби со лидерите на двете земји-локомотиви на ЕУ ќе и9ма и албанскиот премиер Еди Рама, чија земја исто така претендира да добие Датум за преговори.
Според агендата на германската влада, Заев ќе се сретне утре со Меркел и Макрон, а на конференцијата ќе присуствува и Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна политика на ЕУ.