(Видео) Евакуирани станарите во зграда во Скопје, полицијата влезе внатре

Жителите од зграда на улицата ,,Кузман Јосифовски Питу” број 15 во скопската населба Аеродром, кај Мезе барот се евакуирани по пријава дека во влезот почувствувале силна миризба и печење на очите. Полицијата, Противпожарна екипа и Брза помош се повикани на терен. Се проверува влезот на зградата, каде неофицијално била фрлена некоја материја или пиротехничко средство.

Translate »