Дали Теута Арифи е можниот консензуален претседателски кандидат?


Најсериозен кандидат за претседател предложен од ДУИ и СДСМ, е градоначалничката на Тетово, Теута Ариви, дознава Пресинг ТВ.

Нејзиното име било предложено од страна на ДУИ, а во СДСМ генерално немаат ништо против.

Арифи, која има добри односи со СДСМ уште од времето кога беше вицепремиер, била спомената и во вчерашните разговори помеѓу лидерите Зоран Заев и Али Ахмети, но засега не се излегува во јавност со ова име бидејќи СДСМ сака да провери како тоа ќе се одрази врз нивните приврзаници, дознава Пресинг ТВ.

Translate »