Силјановска: Јас ќе се борам да бидам претседател на Република Македонија, како што се распишани изборите
Јас ќе се борам да бидам претседател на Република Македонија, како што се распишани изборите
Кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, професор Гордана Силјановска Давкова во нејзиното прво интервју дадено за вестите на Сител телевизија, одговарајќи на новинарското прашање, дали во случај доколку победи на претседателските избори ќе се заколне пред Уставот на Република Северна Македонија, иста вели дека ќе се бори да биде претседател на Република Македонија, додавајќи дека кога претседателот на Собранието ги распишал изборите, ги распишал на Република Македонија.
-Претседателот на Собранието ги распиша изборите за претседател на Република Македонија, јас се уште не сум тоа, но ако бидам, ќе чуете тогаш како ќе се заколнам. Јас се разбира дека ги почитувам Уставот и законите и соодветно на тоа ќе се однесувам. Но, да потсетам сите овие и претседател и премиер и министри се заколнаа пред Уставот на Република Македонија и во ниту една програма не најавија промена на името, но немаат никаков проблем, вели таа.