ВИДЕО-55 километри над море, се отвора најдолгиот мост на светот

loading...

Ги спојува Хонгконг и Макао со континентална Кина и е долг неверојатни 55 километри. Најдолгиот мост преку море на светот вреден 20 милијарди долари во среда конечно ќе биде отворен за сообраќај. Ќе поврзува 11 градови во кои вкупно живеат 68 милиони луѓе. Од Хонгконг до Макао ќе се патува за само три и пол часа.

– Мостот не е само мегасообраќајна инфраструктура заеднички изградена од Гвангдонг, Хонгконг и Макао. На овој начин ќе се засили и нивната соработка на полето на размена, финансии, логистика и туризам – појасни министерот за транспорт на Хонгконг, Френк Чан Фан.

Приватните возила ќе можат да го користат само со специјална дозвола. Премостувањето главно ќе биде дозволено за посебни автобуски линии вон градскиот транспорт и за товарни возила.

Градежниците тврдат дека е отпорен на ветрови до 340 километри на час, а конструкцијата содржи тунел под морето од девет километри.

Translate »