Метју Палмер: Го прочитав внимателно писмото на Мицковски до Мичел, нема потреба да се сретнеме

Заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер ја поздрави одлуката пратениците да гласаат за уставни измени , оценувајки го тоа како  историски пресврт.

Тој нагласи дека Македонија како што се движи кон НАТО и ЕУ секогаш ќе може да се потпре на американското пријателство.

 

-Чест и привилегија е да се биде тука во овој историски момент за земјата. 80 гласа „за“  во насока за поддршка на Преспанскиот договор се историски пресврт и го отвораат патот на Македонија и на македонскиот народ за Европската унија. Премиерот Заев и јас денеска имавме широк разговор за Преспанскиот договор, процесот на неговата имплементација, процесот на приклучување на Македонија во НАТО и ЕУ. Сакам да му нагласам на македонскиот народ и на македонските политички лидери дека на патот кон НАТО и ЕУ, и потоа при евентуалното зачленување во ЕУ, дека ќе можат да се потпрат на пријателството и поддршката од Америка, рече Палмер.

На прес конференцијата по средбата со премиерот Заев истакна дека  не се видел лидерот на ВМРО ДПМНЕ  и дека средбата со него не била планирана бидејќи како што рече, се било кажано во писмото на  Мицкоски до Вес Мичел.

Translate »