Неофицијално: Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев е разрешен

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев на вечерашниот Централен Комитет на партијата, бил разрешен од сите партиски функции, информира Телма телевизија.

Според информации на Телма од партиски извори, исто така има разрешување и за Костадин Богданов. Тој не е присутен на седницата на ЦК, во кратка изјава за Телма, вели дека се разрешени сите прозападни кадри кои дадоа поддршка за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, преку договорот од Преспа.

Се очекува подоцна вечерва да има официјални информации за вечерашните одлуки на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Translate »