Захариева: Договорот со Грција само ќе го зацврсти договорот со Бугарија

“Договорот с Грција може само да го зацврсти Договорот со  Бугарија.  Во него има делови кои ја почитуваат содржината на другите наши договори. Граѓаните на Република Македонија имаат  искрено пријателство кон   граѓаните на Булгарија, истото важи и за  бугарските граѓани, изјави министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.

Ние, политичарите,  треба да им служиме на граѓаните и да отвараме  пат за тоа пријателство”, додаде Заев по средбата со бугарската шефица на дипломатијата.

“Осум месеци по потпишувањето на договорот, народот овде виде дека тој носи само позитивни работи и денес  70%  од вашите граѓани го поддржуваат , истакна Захариева.

Таа посочи дека Бугарија и целото бугарско раководство ја поддржуваат Македонија на европскиот пат.

„Се надевам дека Еропскиот совет на 29 јуни  ќе донесе одлука за почеток на преговори  со Република Македонија”, рече бугарската министерка.

„Денес на Балканот  се гради  атмосфера на пријателство и среќен сум што  живеам во  време кога нашите две земји градат подобри односи “, изјави Заев.

Захариева вчера ја посети Струмица и Ново Село, а  денеска во Скопје ќе присуствува на  официјалното отворање на фестивалот „One Love Tour 2018“, во кој учествуваат голем број изведувачи од Бугарија и Македонија.

 

Translate »