Репортажа на Би би си: Невидливото малцинство во Грција – словенските Македонци

Со ратифкацијата на Договорот од Преспа, Грција го призна постоењето на македонскиот јазик и етничка припадност, сепак со години го одрекуваше постоењето на македонскоото малцинство во својата земја, се вели во репортажа на Би би си, посветено на оваа тема каде беше поставено прашањето дали со завршувањето на долгогодишниот спор нешто ќе се промени за ова население?

Репортажата се фокусира на 92 годишниот Фокас, пензиониран адвокат кој живее во село во Грција, чиј мајчин јазик е македонскиот. Вели дека поголемиот дел од македонското малцинство не сака да зборува за својот идентитет, Вели дека тој и останатите како него се познати како „допи“ или локално население, не биле вклучувани во пописи од 1951 година, а доколку дошло до тоа да се споменати биле пишувани како лица од словенско говорно подрачје.

Репортажата го следи неговиот живот. Фокас бил роден само што северниот грчки регион „Македонија“ бил анектиран од Грција, а кога имал 9 години, грчкиот диктатор Јоанис Метаксас го забранил македонскиот јазик и го натерал македонското население во Грција да ги променат своите имиња во грчки.

-Се сеќавам кога полицајци прислушуваа на погреби и прозори за да фатат некој доколку зборува или пее на забранетиот јазик. Се соочувавме со казни, закани и тепање. Оние кои го зборуваа многу страдаа од Метаксас. 20 луѓе од ова село беа протерани на островот Хиос. Мојот свекор беше еден од нив. Беа мачени со тоа што им даваа масло од смола, силен лаксатив, вели Фокас.

Македонскиот јазик со децении веќе не е официјално забранет во Грција, но стравот сè уште трае, велат дека се пренесува од генерација на генерација, а зборувањето или пеењето на македонски јазик сè уште може да биде причина за малтретирање. Во репортажата се наведува дека со ратификацијата на грчкиот договор со Република Северна Македонија – и имплицитното признавање на македонскиот јазик и етничка припадност е голем политички напредок што треба да помогне да се ублажат ваквите стравови. Но процесот предизвикал и нови бранови гнев и протести против договорот, поддржани од делови на православната црква.Кон крајот на годинава се очекуваат избори, а десничарската опозиција на Грција се очекува да ги искористи националистичките чувства, обвинувајќи ја владата на Сириза за предавство.

Translate »