Директор ги наградува вработените со по 2000 евра за да одат на одмор. Тие му возвраќаат со поголема продуктивност!

Марк Даглас, маркетинг директор на компанија за реклами СтилХаус истакнува дека им дава пари на своите вработени за да одат на одмор, пренесува Бизнис Инсајдер. Истакнува дека неговите работници поради овој потег се повеќе продуктивни.

Компанијата ја основал во 2010 година, а од 2011 година им дава пари на вработените за да одат на одмор. Оваа компанија им нуди околу 1.777 евра односно 2.000 долари годишно на своите работници за да можат да отпатуваат во било која земја на светот. 

Парите би можеле да ги потрошат на повеќе патувања или некое мало поскапо, но Марк дозволува тие да одлучат што ќе прават.

“Ако имате лав во кафез, кој е роден во засолниште, тогаш отворете го кафезот и пуштете го, тој ќе се врати во кафезот. Тие не почнуваат да трчаат слободно. Кога за првпат почнавме да им кажуваме на нашите луѓе дека имаат неограничен годишен одмор, не знаеа како да го сфатат тоа”, рекол за Бизнис Инсајдер.

“Нашата култура е едноставна. Заснована е на доверба и амбиции”, додава тој.

Довербата мора да биде обострана. Вработените кои купуваат авионски карти во понеделник добиваат плата до вторник. Ако не можат да искористат кеш, тогаш компанијата им ја дава нивната картичка за да го резервираат летот.

Кога ќе се вратат од патување, може да ги пријават трошоците и да добијат надомест од 2.000 долари.

Некои вработени им рекле дека не им е потребен одмор, а побарале бонус од 2.000 долар, но Даглас бил непоколеблив кога станува збор за трошење на овие пари.

“Јас всушност сакам да одите некаде и да уживате”, додава тој.

Поради оваа пракса во последните три години, само пет од 250 лица ја напуштиле компанијата.

Translate »