Сканадал во Кенија: Пронајдени се 12 мртви бебиња скриени во картонски кутии
Гувернерот на Кенија Мајк Сонко ненајавено посети болница в главениот град во понеделникот и откри тела на 12 бебиња скриени во картонски кутии, чија смрт, се претпоставува е поради лекарска грешка.
Доктор и уште двајца вработени во родилиштето во Најроби се суспендирани, порача гувернерот преку Твитер каде ја објави и снимката од инспекцијата во болницата.
„Спроведуваме ненајавена посета на родилиштето Пумвани, постојат тврдења дека управата на оваа установа ги става уредите вон фунција и на тој начин предизвикала смрт кај новороденчињата“, напиша Сонко. Во уште една објава на социјалните мрежи гувернерот напиша дека децата починале под неразјаснети околности.
Кениските медиуми пренесуваат дека гувернерот ненајавен и во цивил пристигнал во установата со такси, по дојава од граѓани.
Гувернерот по доаѓањето открил дека родилиштето работи без гинеколог и акушерки зошто лекарот што требало да биде на должност не се појавил. По кавгата со болничкиот персонал кој ја признал смртта на само едно дете, гувернерот и неговиот тим пронајдоа тела на 12 новороденчиња.
Кениските болници често се во центарот на вниманието поради негрижа и пропусти во работата. Претходно годинава, лекарите на една болница во Кенија извршија операција на мозок на погрешен пациент.