Колаче со свежи брусници
1 ½ шоља свежи брусници
⅓ шоља исецкани бадеми или ореви или други јаткасти плодови по ваш избор
300 gr светло кафеав шеќер
156 gr интегрално брашно
2 јајца
1 лажиче екстракт од ванила
Растопете го путерот во тенџерче на многу тивок оган и продолжете да го загревате додека не добие светло кафеава боја, како карамел. вака прегреаниот путер има многу интересен вкус. бидете во близина додека се загрева путерот, многу брзо може да загори. тргнете го путерот на страна и оставете го да се олади.
намачкајте квадратно тавче со страна од 22 cm (или некое со слични димензии) со 1 лажица од стопениот путер. помешајте ги брусниците, бадемите и ½ шоља шеќер и истурете ги во тавчето.
ставете ги во голема вангла брашното, останатиот шеќер, путерот, јајцата и ванилата и измешајте сé. распоредете го тестото рамномерно врз брусниците, посипете го со малку кафеав шеќер и ставете го колачето да се пече во рерна загреана на 180°C, од 35 – 55 минути (во оригиналниот рецепт пишува 55 – 65 минути, ама моето колаче се испече за 40, затоа проверете на 35 минути). оставете го колачето да се олади пред да го исечете. а следниот ден е дури уште поубаво.
повеќе-