Укинат е посебниот полициски час за граѓаните над 67 години и малолетните

Уставниот суд на денешната седница повел постапка за Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, односно делот во кој беше ограничено движењето на лицата помлади од 18 и на лицата постари од 67 години.

Ова практично значи дека полицискиот час ќе важи исто како и за останатите граѓани во земјава, односно од 19 часот до 5 часот наутро, бидејќи неуставно е да се прави дистинкција и категоризација на лицата во однос на правото на движење.

„Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 1 точки 2 и 3 од Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на Одлуката чија уставност ја оценува согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.

Translate »