Само 30 проценти од децата во Македонија посетуваат градинка

Само 30 проценти од децата во Македонија посетуваат градинки, додека европскиот просек е 98 проценти. Овие бројки ги соопшти министерката за труд и социјала Мила Царовска. Министерството во изминатиот период констатирало потреба од подобрување на компетенциите на воспитувачите во детските градинки, за што говорат и поразителните бројки на меѓународните организации. Светска Банка неодамна излезе со извештај дека децата во Македонија според индексот на човечкиот капитал, учат 11,2 години, а знаење имаат како да учеле само 6,8 години. Немањето континуитет во во образовниот процес, во предучилишното образование и образованието што следи после тоа се една од причините за овие поразителни бројки.

Претставникот на Уницеф во Македонија, Бенџамин Перкс истакна дека пред 1 година констатирале дека децата од сириомашните семејства имаат 200 пати помалку шанси да бидат вклучени во предучилишниот  образовен процес.

Недостатокот на детски градинки е најголем во западниот и северо-источниот дел на Македонија.

Translate »