Циклон го уништи целиот град, 138 мртви: Погледнете ги стравичните сцени!
Во Беира, вториот по големина град во Мозамбик и неговата околина, уништени се 90% во ударот од циклонот Идаи, соопштила Меѓународната федерација Црвен Крст и Црвената полумесечина (ICRC), а бројот на мртви во невремето кое во последните денови ги погоди Мозамбик и Зимбабве е зголемен на 138.
Циклонот Идаи удрил во четвртокот навечер во центарот на Мозамбик, источно од Африка, а потоа продолжил да се движи кон соседниот Зимбабве, носејќи ги со себе патиштата, училиштата, куќите, па дури и браните.
Според последниот биланс кој го составиле France Press, врз основа на официјални извори, 68 лица загинале во Мозамбик, од кои 55 само во пристанишниот град Беира, а 70 настрадале во Зимбабве.
Претходниот биланс бил 127 мртви.
„Штетата прдизвикана од циклонот Идаи, кој го погоди мозамбичкиот град Беира е огромна и страшна“, навеле денеска ICRC во соопштението, додавајќи дека „90 отсто од Беира и нејзината околина се оштетени и уништени“. Беира е град со 530.000 жители.
Џејми Ле Сиер од таа организација, навел во соопштението дека сретствата за комуникација се целосно прекинати и дека патиштата се уништени, а на некои места не може дури ни да се пријде.
„Ни велат дека ситуацијата би можела да биде и полоша надвор од градот. Вчера попушти големата брана и го прекина и последниот прооден пат за да се стигне до градот“, додал Ле Сиер во изјавата од Беира.
Бројот на настрадани би можел да порасне кога ќе се дознае големината на штетата и тоа без да се земе предвид тоа што и понатаму се очекуваат силни дождови во регионот, навел Црвен крст.