Бебето најдено пред домот за доенчиња во Битола е згрижено
Министерството за труд и социјална политика информира дека ноќеска во 1.50 часот од страна на претставник на Центарот за социјална работа Битола и полициски службеници, во домот за доенчиња во Битола е сместено новороденче од женски пол, примено од страна на медицинската сестра. Новороденчето веднаш по приемот е однесено во ЈЗУ Клиничка болница-Битола на детален преглед при што е констатирана добра општа здравстена состојба.
„Министерството за труд и социјална политика ги презема сите мерки во насока на заштита на новороденчето и обезбедување на соодветна грижа. За останати информации во однос на истрагата и постапката ве молиме да се обратите до надлежните органи, односно Министерството за внатрешни работи“, соопшти Министерството.