Грчки медиуми:,, Изгоре,, Илинденска, алтернативни имиња на маса

Скопско прашање: Името повторно на маса“; „Двоен состанок на Коѕијас и Димитров со Нимиц во сенка на Илинден“; „Уште една шанса за решение на скопското прашање“; „Средба Димитров-Коѕијас: „Изгоре“ Илинденска, алтернативни имиња на маса“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за денешната средба во Њујорк на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција со специјалниот претставник на ОН.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, новинарите во Грција, без многу детално да анализираат или да коментираат, акцентот го ставаат на тоа дека грчката страна го отфрли предлогот „Република Илинденска Македонија“, бара да се најде договор за име од предлозите на Нимиц, но и дека новата средба повторно е од клучно значење.

Translate »