Ципрас-наместо милиони, дојдоа само илјадници, граѓаните се против фанатизмот
“Земјотресот и милионите луѓе кои ги очекуваа организаторите Андонис Самарас и Кирјакос Мицотакис, останаа само желба. Мнозинството грчки граѓани останаа пред телевизорите, без оглед на нивната позиција. Тие се согласуваат дека надворешно- политичките прашања не треба да се решаваат со фанатизам и нетолеранцијата” .
Ова се наведува во соопштението од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас по повод вчерашниот протест во Атина за “заштита на името Македонија”.
Во него учествуваа и опозициските лидери, вклучувајќи и го и на “Нова демократија” Кирјакос Мицотакис.
Владејачката партија “Сириза” исто така, објави изјава во која се истакнува дека “протестот бил под очекувањата на организаторите”, кои во последните денови, заедно со дел од медиумите агитира луѓето да учествуваат во него.
“Сириза” обвинува за лицемерие и неодговорност лидерот на “Нова Демократија” Мицотакис во однос на спорот за името, бидејќи тој не соопштува каква е неговата позиција по ова прашање. “Сириза” ја поддржува владата и преговорите за решавање на спорот за името со соседната држава, пишува во документот.
“Мирниот соживот на луѓето, безбедноста и стабилноста на Балканот се најдобра гаранција за националните интереси”, се вели во декларацијата од партијата на Ципрас “Сириза”.