Каменос: Скопјаните да сфатат дека се Бугари
Коалициониот партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос, во интервјуто за ТВ Антена, уште еднаш го повтори она што го кажа и на прес-конференцијата во Солун минатата седмица дека на американските сенатори со кои се сретнал им објаснил дека Македонија била дел од планот на Тито и на Југославија за излез на море и додал дека во регионот „била пролеана крв”.
– И сега доаѓаат да им кажат на победниците дека ќе треба да помине ставот на поразените. И на крајот на краиштата чекаа 25 години да се реши прашањето, нека чекаат 35. И нека сфатат скопјаните, кои и што се? Тие се Бугари-Словени кои го имаат формирано ВМРО, Албанци кои се обидуваат да земат и тие еден дел од Скопје и говорат за Голема Албанија и некои Срби, рече Каменос, пренесе МИА.