ТРАГЕДИЈА: Почина 20-годишникот кој пожртвувано ги гасеше пожарите во земјава, Шеќеринска емотивно се прости од Жан

Длабоко сочувство до семејството и до пријателска Словенија. Жителите на Берово и Пехчево, но и цела држава ќе ја памтат пожртвуваноста на Жан, објави денеска министерката за одбрана Радмила Шеќеринска откако од Словенија стигна вест за траичната смрт на Жан Кофол. За него македонската јавност дозна за време на исклучително тешките денови за Македонија кога во земјава беснеаја пожари. 

Жан беше дел од доброволците кои дојдоа од Словенија и беше еден од најпожртвуваните и посветените во справувањето со огнената стигија. 

Кофол починал ден пред да наполни 20 години во сообраќајна несреќа во неговата земја. 

Додека бил овде кога помогал да се спасат куќи, жители, да се спаси земјата објавувал фотографии од Македонија на неговиот инстаграм профил и на фејсбук. 

Translate »