Ципрас-Преспанскиот договор е “дипломатско ремек-дело”.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека желбата за дијалог и мирен соживот е преовладува над силите на национализмот во Грција и Северна Македонија, пишува  “Катимерини”. Според него Договорот од Преспа, со кој беше решен деценискиот спор меѓу Скопје и Атина за името на Македонија е “дипломатско ремек-дело”.

Во говорот на Економскиот форум во Делфи Ципрас најави дека наскоро ќе стане првиот грчки премиер кој ќе направи официјална посета на Скопје заедно со делегација од претставници на бизнисот.

Грчкиот премиер истакна дека официјални претставници од двете соседни држави ќе седнат на иста маса, за да побараат начини за продлабочување на билатералните односи во различни сфери од заеднички интерес, како трговијата, туризмот, безбедноста, енергетиката и културата.

Translate »