“Ким протерал и убил стотици луѓе, некои ги фрлале на кучиња”

Ким наводно го наредил дури и убиството на членови на сопственото семејство, меѓу кои биле и вујкото Јанг Сонг Таек. Го убил бидејќи тој, наводно, продавал ресурси на земјата на странци по ниска цена.

Севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун користи варварски методи за да се одржи на власт и да ја зацврсти својата моќ, открила последната јужнокорејска истрага. 

Во неа стои дека, од доаѓањето на власт во 2011-та, Ким наредил убиство и протерување на 421 службеник. Бројни жртви биле голи фрлани на ловечки кучиња, разнесувани со противавионски проектили, запалени живи или бесени.

Во некои случаи биле убивани и цели семејства на службеници, додека други ги затворале во концентрациони логори и така ги “бришеле од општеството”.

Ким наводно наредил убиство дури и на членови на сопственото семејство, меѓу кои и вујкото Јанг Сонг Таек, ликвидиран во 2013-та година, и полубратот на Ким, Јонг-нам, кој бил отруен на малезискиот аеродром пред две години. Својот вујко го убил, наводно, бидејќи продавал ресурси на земјата на странци по ниски цени.

Сите овие вознемирувачки информации биле објавени во документ со наслов “Убиства и протерувања во Северна Кореја: Истрага на геноцидите кои ги вршат високо рангирани службеници”. Во собирањето на документите помогнале политичари кои успеале да побегнат во други земји, како Северна Кореја и Кина.

Тие тврдат дека луѓето под режимот на Ким се соочуваат со затворски казни и поради минорни прекршоци како “заспивање на настани кои ги посетува Големиот лидер”.

Во извештајот за бруталноста на режимот во Пјонгјанг именувани биле 50 жртви, додека идентитетот на останатите “елиминирани” веројатно никогаш нема да биде откриен, пишува “Daily Mail”.

Translate »