Објавен бесплатниот ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА ИНФОРМАЦИИ за коронавирусот
По денешната прес-конференција, министерот Венко Филипче на социјалните мрежи го објави бесплатниот телефонски број за информации за коронавирусот: 0800 002 03.
– Од денеска функционира и call центарот – 0800 002 03 во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии, а од понеделник ќе функционираат и двата пункта за земање на брисеви во поликлиниките во Јане Сандански и Чаир, кадешто веќе е распределен стручен кадар – објави Филипче.
Од понеделник освен на телефонските линии за информации во Центрите за јавно здравје, во call центарот, пациентите ќе можат да се јават и кај матичните лекари за да се закаже земање на материјал во еден од двата пункта.
Матичните лекари ќе закажуваат земање брисеви ако се постави индикација кај пациентот за коронавирус според електронскиот алгоритам којшто лекарите ќе го добијат до понеделник.
Телефонските броеви кои и одпорано се на располагање на Центрите за јавни здравје, се следните: