Од обичен анонимус во енергетската политика до лидер на наместен конгрес: Апасиев му се обрати на Мицкоски

Ај нека му објасни некој на професорон шо магистрирал, докторирал и се вработил кај татко му на Машински, дека внесувањето етничка припадност во личните карти е дел од Тиранската платформа и завршна фаза од проектот за комплетна ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈА на Републиката, напиша попладнево на фејсбук Димитар Апасиев. Христијан Мицкоски претходно изјави дека нема ништо против во личлните карти да има графа за етничка припадност.„Изедначувањето на македонскиот народ, кој преку вооружена антифашистичка војна дошол до своја (а не туѓа) држава, со обична „етничка заедница” е чекор назад во стекнатите историски колективни права на Македонците. Тоа е чекор плус кон идна федерализација и поделба на државата, затоа што со тоа и се одзема државотворниот конститутивен статус на нашата нација и се сведува на една од многуте „заедници” кои живеат на оваа територија.

Со тоа, Република Македонија престанува да биде национална држава на мнозинскиот македонски народ и на малцинствата, онака како што сакале нашите основачи на АСНОМ, и станува лабава творевина – (полу)протекторат, составена од неколку етникуми!? Ама, за да го сконташ ова, треба да гледаш подалеку од носот, да имаш политички сенс и правно-политолошко, теоретско и практично знаење – а не од обичен анонимус во енергетската политика, да бидеш подметнат од Грујо на наместен конгрес за “лидер“, напиша Апасиев.

Translate »