Д-р Караџовски: Казнувањето за неносење маски мора да биде жестоко

Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести  во изјава за ТВ 24 посочува дека мерките не се доволно ригорозни, штом човек може да се нагоди за цената за неносење маска и наместо 20 евра, да плати 600 денари.

-Мерките мора да бидат ригорозни, казнувањето мора да биде жестоко, секој оној кој ќе биде фатен во неспроведување на овие мерки мора ригорозно да биде казнет. Зошто? Затоа што е потенцијален ширач на инфекцијата. Граѓаните доколку се фатени на лице место и не носат маска тие можат наместо 20 евра на лице место да платат 600 денари,

Тој посочува дека оваа казана е премала, бидејќи лицето дозволува инфекцијата да се шири.

Translate »