Би-би-си: Принцот Вилијам имал ковид-19, но криел од јавноста

Принцот Вилијам на почетокот на оваа година бил заразен со ковид-19, објави Би-би-си повикувајќи се на потврда на оваа информација од кралската палата.

Тој имал позитивен резултат на тестот во април односно периодот откако и неговиот татко, принцот Чарлс, беше позитивен на вирусот.

Весникот „Сан“, кој прв ја објави оваа вест, пишува дека војводата од Кембриџ решил да ја скрие оваа информација од јавноста за да не ја вознемирува нацијата. Според пишувањата, принцот го лекувале лекарите во кралската палата и ги следел упатствата за изолација.

Од Би-би-си, побарале и официјален коментар од Кенгистонската палата, но оттаму одбиле да коментираат.

Translate »