Најбогатото семејство на светот заработува 70.000 долари во минута

loading...

Најбогатото семејство на светот, семејството Волтон, заработува 70.000 долари секоја минута.

Додека завршите со читањето на овој текст, најбогатото семејство на светот ќе биде побогато за дополнителни 70.000 долари. Тоа значи дека за еден час ќе инкасираат дури 4.3 милиони долари, а утре во исто време ќе бидат побогати за 100 милиони. 

Семејството Волтон е сопственик на најпознатиот американски малопродажен ланец “Волмарт”, а моментално располага со нешто повеќе од 190 милијарди долари.

Тоа е 39 милијарди повеќе од јуни минатата година.

Меѓу членовите на семејството најбогати се браќата Џим и Роб, чии богатства се проценуваат на по 48,8 милијарди долари, а во чекор ги следи сестрата Елис со 48 милијарди долари.

Лукас Волтон, син на третиот бран Џон, кој починал во 2015-та година, располага со богатство вредно 16,7 милијарди долари. Ен Волтон Кроенке и Ненси Волтон Лори, ќерки на соосновачот на “Волмарт”, Бад Волтон, се тешки по околу 6 милијарди долари. Исто толку има и Кристи Волтон, вдовицата на Џон Волтон.

Translate »