Заев за Бугарската телевизија- Ние сме горниот дел, северниот, вардарскиот дел!
Зоран Заев во интервју за БТВ вели дека го признава бугарскиот дел на Македонија. ” Ние делот на таа историска Македонија, која е во Бугарија, го признаваме како бугарски дел и тука нема никакви дилеми”, ова за бугарската државна телевизија го изјави македонскиот премиер Зоран Заев.
“Ако погледнеме каде била таа историска Македонија, има еден дел во Бугарија. Има еден дел во Грција! Ние сме само еден дел. И тоа е факт – ние сме горниот дел, северниот, Вардарскиот дел”, кажа тој.
Македонскиот премиер потцрта дека е многу важно да не се биде обезличен.
“Да не бидеме обезличени. Кога влеговте во оваа зграда, од надвор пишува “Влада на Република Македонија”. Да не се бара тоа да го промениме”, истакна Заев.
На прашањето дали разговарал со некој од бугарските колеги во врска со евентуално ново име на земјата, Заев со одговор:
– Не. Мислам дека иако имаше некои јавни изјави, конечно стана јасно дека, во суштина, тоа и не е важно. Ние делот на оваа историска Македонија, која е во Бугарија, го признаваме како бугарски дел и тука нема никакви дилеми. Ние го нарекуваме Пирински дел, зашто Пирин е најголемата планина, но таму живеат граѓани на Бугарија, од кои некои се чувствуваат Македонци и тоа е нивно право. И немаме таков проблем.
“Ако не успееме, нема да имаме иднина во ЕУ, НАТО. Тогаш Европа ќе мора да ја донесеме во Скопје, во Македонија – не гледам друга опција! Во најмала рака, ако не се најде решение, прашањето ќе остане отворено и ние ќе продолжиме за три месеци, шест месеци повторно да побараме одговор ” рече премиерот во интервју за БТВ.