Како можела да пука во себе двапати?-Мајката се сомнева во самоубиството на трудната Бојана
Мајката на трудницата Бојана Милановиќ (24), припадничка на Војската на Србија, се сомнева во официјалната верзија дека нејзината ќерка извршила самоубиство.
Снежана вели дека нејзината ќерка била весела , пресреќна што е бремена, пренесува” Српски телеграф”.
– Немаше причина да се самоубие, вели мајката. Таа открива дека и инспекторите кои ја вршеле истрагата имаат соменвања во врска со смртта на Бојана.
“Бојана е најдена мртва во креветот, во долната облека во која спиеше. Имаше две рани на телото. Инспекторот кој го извршил увидот ми кажа дека по положбата на телото и раните, таа не можела двапати да пука во себе”,раскажува Снежана.
Таа вели дека Бојана имала една прострелна рана од куршум под левата града, а другата во главата.
– Како е можно двапати да си нанесете фатални повреди . Се прашувам, зошто никој од семејството на Јовиша, кое живее во другиот дел од куќата, не влегол во собата на Бојана кога ги чуле истрелите. Морале да го слушнат пукањето бидејќи било стрелано од ловечка пушка. Ако мислеле дека нешто паднало во собата , зошто никој не проверил? Ја нашол Јовиша дури следното утро кога се вратил од работа- раскажува очајната мајка.
Бојана, пред да си го одземе животот, нарачала и подарок за свадбата.
-Беше заљубена, анво саботата требаше да се мажи. Од татко ѝ кој живее во Германија, нарача подарок за свадбата. Зарем би го направила тоа ако сакаше да се убие?- се прашува Снежана.