Катерина Колозова по пресудата на Мијалков: Ви кажав и тогаш, читајте античка трагедија. И така сте по Антиката

Статус на Катерина Колозова:

”Со каква безмилосност ги праќаше на 13 години затвор оние што сакаше да ги замолчи. Не што им ги уништуваше животите туку дословно врз кутнати трупови скокаше и не му беше доста, вклучително и трудни жени кои ништо не направиле („Сотираше семе“ – буквално).

Каков перверзен садизам беше тоа. Не беше ни ефикасен во служба на диктатурата, туку беше со комплекс на луд император. И тоа го кутна.
Хибриста те снајде, и секогаш секој умислен семожник од тоа ќе биде кутнат. (Ви кажав и тогаш, читајте античка трагедија. И така сте по Антиката.)

Знам дека мислевте дека следите модел, илиберална „орбановштина,“ ама и во тоа бевте ем луди ем дилетанти. Орбан ќе се држи уште доста години, оти знае кога да затегне кога да отпушти.

Вие премногу го затегнавте лакот. (Читајте Хераклит, пак, за тоа). Затоа Орбан е оригиналот, а вие евтината копија.”

Translate »