Многу сум исплашен: Вучиќ потврди дека новата мутација на коронавирусот пристигнала во Србија
„Докторите се во право. Британската мутација на коронавирусот пристигна во Србија“, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.
Како што соопшти Вучиќ, британската мутација на коронавирусот пристигнала во соседна Србија, а за тоа утринава бил известен од министерот за здравство, Златибор Лончар.
„Многу сум исплашен. Но, важно е дека тоа го откривме и успеавме да ги откриеме сите контакти на жената која имала негативен ПЦР тест, додека нејзиниот сопруг има воспаление на белите дробови“, изјави Вучиќ и порача дека нема место за паника.
Вучиќ појасни дека новата мутација на коронавирусот во Србија ја донела жена која допатувала од Лондон и нагласи дека здравствените власти ќе ја следат ситуацијата.
„Новата мутација е ужасна. Ми се преврти желудникот кога дознав дека е откриена кај нас“, изјави Александар Вучиќ, пренесува „Блиц“.