Куче го чекаше сопственикот цела недела пред болница

Верно куче речиси една недела чекало пред болница во Турција, додека не излегол неговиот сопственик, каде се лекувал. Женката по име Бончук, што на турски јазик значи бисер, била наградена за својата верност со емотивна средба со сопственикот Кемал Сентурк (68), кога конечно излегол од болницата во градот Трабзон, во североисотчна Турција.

Сентурк бил пренесен во болница на 14 јануари, поради мозочна емболија, а Бончук, која го добила името по нејзините кафеави очи, го следела возилото на брзата помош. Оттогаш, таа се враќала секој ден и чекала пред болницата, а вработените понекогаш ја хранеле.

Ќерката на Сентурк неколку пати се обидела да ја врати дома, но секој пат бегала за да се врати пред болницата.

Кога Сентурк конечно излегол од болницата оваа недела, Бончук истрчала околу неговата инвалидска количка, скокнала да ја погали и замавнувала со опашката, раскажуваат од болницата.

„ Човек се чувствува многу среќен поради тоа. Тоа куче ни е премногу блиско, како човечко суштество, и јас сум многу среќен поради тоа”, рекол Сентурк.

Translate »