Хајди Клум фотографирана во провокативни пози со момчето

Познатата 44-годишна манекенка, Хајди Клум, била фатена како разменува нежности на јахта со својот избраник Том Каулиц, и тоа во многу провокативни пози.

Супермоделот и нејзиниот 16 години помлад избраник уживале на јахта, а во еден момент им се препуштиле на страстите, без да се грижат за погледите од околината.

Папараците ги забележале овие моменти.

Хајди и гитаристот на групата “Токио Хотел” најпрво се хранеле еден со друг. Потоа преминале на бакнежи…

Кога манекенката легнала да се сонча, нејзиниот избраник почнал да ја бакнува по стомакот. Парот потоа влегол во јахтата, каде продолжиле со бакнувањето.

Меѓутоа, музичарот не можел да и одолее и не ги тргал рацете од задникот на својата избраничка. Не грижејќи се околината, тие не можеле да се одвојат еден од друг.

Translate »