Познатиот германски фудбалер Томас Мулер јаде мусли по рецептура на Виталиа
Светски познатиот германски фудбалер, член на германската фудбалска репрезентација и ФК Баерн Минхен, Томас Мулер на својот Facebook и инстаграм профил објави фотографија како појадува FAN мусли, подготвени по оригинална рецептура на Виталиа.
Станува збор за специјална едиција на мусли, барови и мешавини за појaдок од германскиот гастроном Алфонс Шубек, подготвена за неговиот омилен фудбалски тим Баерн Минхен, а во партнерство со македонската производна компанија Виталиа.
Тимот за развој на производи на Виталиа, специјално за Алфонс Шубек, најдобриот и најнаградуван професионален готвач во Германија креираше 45 совршени и оригинални рецепти што сега ја сочинуваат линијата за здрава храна на Шубек, што предизвика големо задоволство помеѓу потрошувачите во Германија и Австрија.